Dildar Baykan
16 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
ЊУЈОРК (АА) - Сведок тврди дека озлогласениот водач на најголемиот наркоклан на светот, Хоакин Гурман, познат како Ел Чапо, му давал мито и на поранешниот мексикански претседател Енрике Пења Нијето, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ел Чапо моментално се наоѓа во притвор во Њујорк, каде што во тек е и судењето за најтешки кривични дела за кои се товари.
На последното рочиште судот го испраша сведокот Алекс Сифуентес, кој изјави дека Ел Чапо своевремено на мексиканскиот претседател Нијето, му дал 100 милиони долари за запирање на полициската потера која била подготвувана за еден од водачите на наркокланот.
Сифуентес во својство на сведок покајник изјави дека одредено лице Командре Марија му дало пари на Нијето во октомври 2012 година, откако победил на претседателските избори и ја чекал церемонијата за полагање заклетва и преземање на функцијата шеф на државата.
Адвокатот на Ел Чапо, Џефри Лихтман, во ноември изјави дека поранешниот мексикански претседател Нијето примил мито од 100 милиони долари и од водачот на наркокартелот, Исмаил ел Мајо.
Поранешниот мексикански претседател Нијето ги отфрли тие обвиненија и ги оцени за невтемелен обид за завера против него. Тој сè уште не ги коментираше тврдењата на сведокот Сифуентес, кој откри и детали за наводното предавање мито.