Dmitri Chirciu
08 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
Рускиот претседател, Владимир Путин, и претседателот на Казахстан, Касим Џомерт Токајев, телефонски разговараа за состојбата во Казахстан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кремљ се наведува дека Путин остварил телефонски разговор со Токајев.
Се вели дека двајцата лидери се осврнале на состојбата во Казахстан и размениле мислења за преземените мерки во насока на осигурување на редот во Казахстан.
Според соопштението, Токајев рекол дека состојбата во земјата се движи кон стабилизација, упатувајќи благодарност до земјите членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност за дадената поддршка за Казахстан.
Исто така, Токајев предложил да се одржи разговор преку видеоконференција меѓу лидерите на земјите членки на оваа организација. Путин го поздравил овој предлог.
Двајцата лидери се согласија за тоа постојано да бидат во контакт.