Dildar Baykan
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Белата Куќа.
Во соопштението се нагласува дека двајцата лидери разговараа за борбата против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), како и за 75. годишнината на Денот на победата.
Според соопштението, Трамп истакна дека работи за здравјето на американците и дека се подготвени да им помогнат на другите земји, вклучувајќи ја и Русија.
„Трамп истакна дека САД работат за ефективно контролирање на вооружувањето не само во Русија, туку и во Кина, и дека се нетрпение очекува да реализира средби со цел избегнување на натпреварите за вооружување кои имаат висока цена“, се вели во соопштението.
Во ова соопштение се нагласува дека Трамп и Путин се осврнаа и на други важни билатерални и регионални прашања.