Barış Seçkin
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 274 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 29.958, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 89.624 активни случаи со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 215.858.
Денес се излекувани 3.031 лице, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 96.276 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 274 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 29.958 лица.
Според соопштеното, 1.311 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Се нагласува дека досега во Италија извршени се 2.381.288 тестирања за Ковид-19.