Emre Aytekin
22 Април 2019•Ажурирај: 23 Април 2019
КОЛОМБО (АА) - Терористичките напади врз неколку цркви и хотели во Шри Ланка за време на Велигден ги извеле седум бомбаши самоубијци, соопшти истражителот од Одделот за форензика, Аријананда Велианга, пренесува Anadolu Agency (AA).
Велианга додаде дека шесте напади на три цркви во градовите Кочикаде, Негомбо и Батикалоа, како и врз трите луксузни хотели „Кингсбери“, „Синамон Гранд“ и „Шангри Ла“ во Коломбо, ги извеле седум напаѓачи.
Тој појасни дека со истрагата е утврдено дека станува збор за самоубиствени напади.
Во тек е истрагата за нападите во предградијата на Коломбо.
Полицијата на Шри Ланка соопшти дека во нападите загинале 290 лица, а над 500 се повредени.