Sayed Khodaiberdi Sadat
15 Декември 2021•Ажурирај: 17 Декември 2021
КАБУЛ (АА) - Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) обезбеди храна и ќебиња за 500 семејства на кои им е потребна помош во покраината Бамјан, еден од најстудените покраини во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мевлеви Сомалхан Муслих, шефот на Одделот за миграции на Министерството за бегалци и Мевлеви Абдулах Серхади, гувернерот на Бамјан, присуствуваа на церемонијата за разделување на помошта.
Координаторот на ТИКА во Кабул, Зухту Чал, изјави дека пружија помош на околу 500 семејства во провинцијата Бамјан.
Тој истакна дека на тие луѓе им е потребна помош поради сѐ поголемата невработеност и временските услови со ниски температури.
Во пакетите со храна се наоѓаат бројни намирници, вклучително и 50 килограми брашно, 10 килограми ориз, 5 литри масло, 4 килограми грав, 5 килограми шеќер, 2 килограми зелен чај и тестенини.
Чал рече дека на сиромашните семејства им се доставени вкупно 100 тони пакети на помош во храна.
Семејствата кои добија помош ѝ се заблагодарија на пријателската и братска земја Турција и на нејзиниот народ.