Denizhan Güzel
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
ИЗМИР (АА) - Во акциите за спречување на илегалното преминување во подрачјето на Чешме, на турскиот брег на Егејското Море, екипите на крајбрежната стража на Турција открија 115 странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите открија 55 лица кои по морски пат се обиделе да преминат од Турција во Грција и 60 кои со минибуси стигнале во Чешме.
Во гумен чамец се откриени 55 лица, меѓу кои 51 сириски државјанин, тројца палестинци и еден Иранец. Фатени се голем број жени и деца кои се одлучиле да тргнат на овој пат и покрај ладното време и тешките услови.
По сместувањето на мигрантите во привремените шатори, екипите на крајбрежната стража обезбедиле ќебиња, храна и пијалак, а некои деца се префрлени и во болница бидејќи не се чувствувале добро.
Исто така, 60 лица со потекло од Сирија, Еритреја и од Ирак се откриени во еден минибус. Меѓу нив имало и 20 деца. Тие се обидувале да стигнат до грчкиот остров Хиос.