Nilay Kar
24 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека бил убеден од турскиот колега Реџеп Таип Ердоган дека турските безбедносни сили ќе ги искоренат сите заостанати елементи на терористичката организација ДЕАШ во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ердоган е човек кој може да го стори тоа, а освен тоа, Турција е соседна земја на Сирија. Нашите сили се враќаат дома“, напиша Трамп на Твитер.
Американскиот претседател Трамп и турскиот претседател Ердоган вчера во телефонски разговор детално разговараа за повлекувањето на американските војници од североисточниот дел на Сирија, како и за значителното интензивирање на билатералната трговска размена.
Трамп во коментарот на социјалната мрежа наведе дека тоа бил долг и продуктивен разговор.
Тој минатата недела најави дека американската Војска ја напушта Сирија бидејќи терористичката организација ДЕАШ претежно е поразена.
Се очекува американската Војска да се повлече од Сирија во рок од два до три месеци.