Michael Hernandez
06 Ноември 2018•Ажурирај: 06 Ноември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека е претпазлив во врска со ефектите што неговите санкции ќе ги имаат врз глобалниот пазар на нафта, велејќи дека санкциите ќе се спроведуваат постепено, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не сакам да ги зголемам цените на нафтата во светот“, рече тој во обраќањето пред новинарите кратко откако САД целосно ги вратија сите санкции кои ги повлекоа, како дел од Договорот за нуклерната програма на Иран, потпишан меѓу светските сили.
„Не сакам да бидам голем херој и веднаш да го донесам на нула“, рече тој, мислејќи на глобалниот увоз на иранска нафта. „Можев веднаш да ја донесам нафтата (увозот) од Иран на нула, но тоа ќе предизвика шок на пазарот. Не сакам цените на нафтата да се зголемат“.
САД претходно објавија дека осум земји - Кина, Грција, Индија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и Турција - добиваат привремено шестмесечно изземање од економските санкции во однос на увозот на иранска сурова нафта. Иран е третиот извозник на нафта на ОПЕК.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека исклучоците се наменети со цел пазарот на нафта и понатаму да бидат добро снабден.
Помпео рече дека секоја земја која е провремено изземена од санкциите веќе покажала значително намалување на набавката на иранска сурова нафта во текот на изминатите шест месеци, додавајќи дека две од осумте земји го имаат намалено увозот на иранска сурова на нула.
„Ние продолжуваме со преговори за да ги натераме сите нации (да го редуцираат увозот) на нула“, рече Помпео.
Трамп унилатерално ги повлече Соединетите Американски Држави (САД) од Заедничкиот сеопфатен акционен план во мај 2015 година, поставувајќи ја сцената за повторно враќање на сите санкции што ги укина Вашингтон како дел од договорот.
Сите други потписници на договорот, Кина, ЕУ, Франција, Германија, Иран, Русија и Велика Британија, останаа дел од договорот.