İnci Gündağ
16 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
ЛОНДОН (АА) - Претендентот за републиканска номинација за претседателски кандидат на ноемвриските избори во САД, Доналд Трамп, одговори на критиките на британскиот премиер Дејвид Камерон и порача дека не е глупав, ниту пак е сепаратист, а всушност за токму такви Камерон ги оцени идеите на Трамп за забрана на муслиманите во САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Се чини дека нема да имаме добри односи, но којзнае. Јас би сакал да имаме добри односи со Камерон, но изгледа тој нема волја за решавање на несогласувањата”, рече Трамп во изјавата за британската телевизија ITV.
На прашањето на новинарите дали неговата идеја за забрана за влез на муслиманите во САД се однесува и на новиот градоначалник на Лондон, Садик Кан, Трамп рече дека во секој случај може да има исклучоци.
Да потсетиме дека Кан остро ги критикуваше идеите на Трамп и предупреди дека претставувањето на исламот како радикален елемент од страна на Трамп би претставувало храна за радикалните групи и би довело до загрозување на безбедноста во двете земји.
Трамп критиките на Кан ги оцени како „недобри” и порача дека Кан воопшто не го интересира.
„Воопшто не ме засега, а ќе видиме што ќе направи и дали е добар човек. Не ме познава, а дава толку остри квалификации со кои ме навреди многу. Ако говориме отворено, пренесете му дека никогаш нема да го заборавам она што го говореше”, порача Трамп.