Muhammed Bilal Kenasari
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Победникот на изминатите претседателски избори одржани во САД Доналд Трамп најави депортирање на 2-3 милиони мигранти кои во САД влегле илегално, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп првото интервју по изборите го даде за „CBS". Иако интервјуто не е во потполност објавено, во делот кој е објавен, стана актуелна тема во САД.
Во текот на изборната кампања Трамп најавуваше враќање на мигрантите кои преку илегален пат ги преминале границите на Мексико а тие зборови ги повтори и во текот на интервјуто.
Тој истакна дека илегалните мигранти, нив 2-3 милиони кои извршиле злосторство што побрзо ќе бидат депортирани. Новиот американски претседател рече дека првин ќе бидат депортирани „престапници, дилери на дрога, членови на оружени групи".
Новиот американски претседател кој во текот на изборите најавуваше изградба на sид помеѓу САД и Мексико, Доналд Трамп рече дека проектот и понатаму е актуелен, но дека целокупната граница нема да ја сочинува само sид, туку на некои делници ќе биде подигната ограда.