Betül Yürük
26 Септември 2018•Ажурирај: 27 Септември 2018
ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, упати благодарност до Турција поради нејзината помош во преговорите за Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Иран беше цел на Трамп за време на неговиот говор на сесијата за денуклеаризација и за оружјето за масовно уништување во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), со која за првпат претседава тој.
Трамп нагласи дека откако Асадовиот режим употребил хемиско оружје против невините цивили во Сирија, САД двапати одговориле на тоа.
„Русија и Иран му помагаат на сирискиот режим да врши масакр. Насилството на Иран и режимот извезува тероризам и безредие“, додаде тој.
Во својот говор Трамп го осуди Иран поради поддржувањето на тероризмот, и тврдеше дека поради тоа САД се повлекле од Договорот за нуклеарното вооружување со Иран.
Трамп, исто така тврдеше дека преку овој Договор има проток на пари кон администрацијата на Техеран, и дека сѐ повеќе е зголемена агресијата на Иран од денот на потпишувањето на овој Договор.
Тој нагласи дека во ноември ќе стапат во сила сите санкции на САД против Иран, и дека во случај да се прекршуваат овие санкции против Иран, тоа ќе предизвика сериозни последици.
„Упатувам благодарност до Турција поради нејзината помош во преговорите за Идлиб“, нагласи Трамп.