Burç Eruygur
09 Април 2023•Ажурирај: 10 Април 2023
КИЕВ (АА) - Најмалку три лица загинаа, а петмина се повредени во руските напади на регионот Запорожје во југоисточниот дел на Украина, пренесува Анадолу.
„Руската Федерација ги одзеде животите на тројца недолжни жители од регионот, а петмина се повредени во непријателскиот напад. Погодените од нападот ја добиваат сета неопходна медицинска помош“, објави гувернерот на Запорожје, Јуриј Малашко, на социјалната мрежа Телеграм.
Малашко изјави дека градовите Запорожје, Орихив и Хуљајполе, како и 15 други населби во последните 24 часа биле цел на 56 руски напади, вклучувајќи ракетни, авионски, беспилотни и артилериски.
„Во текот на денот уништени или оштетени се неколку десетици објекти: станови, куќи, стопански капацитети, но со време сето тоа може да се обнови. Најбитно во оваа војна е да се спасат животите на Украинците“, додаде Малашко.
Во војната што започна на 24 февруари 2022 година досега загинаа најмалку 8.451 цивил, а повеќе од 14.150 се ранети, објавија Обединетите нации (ОН).