Turgut Alp Boyraz,Mehmet Nuri Uçar
09 Април 2023•Ажурирај: 11 Април 2023
АЛ КУДС (ЕРУСАЛИМ) - Како одговор на наводните ракетни напади од Сирија врз окупираната Голанска Висорамнина, израелската војска изврши воздушни напади врз различни локации во Сирија, известува Анадолу.
„Сега ја бомбардираме Сирија во знак на одмазда“, соопшти израелската војска.
Израелските медиуми информираа дека на нападите им претходеле 3 ракети лансирани од Сирија врз Натур и Авнеј Ејтан на југот од Голанската Висорамнина.
Два проектили паднале на отворено подрачје, а третиот е уништен од ракетниот одбранбен систем „Железна купола“ (Iron Dome).
Израелските сили ги изведоа нападите врз Сирија со млазни борбени авиони.
Израел го окупираше сириското подрачје Голанска Висорамнина во 1967 година.