Ruslan Rehimov
11 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
БАКУ (АА) – Тројца Азербејџански војници повредени во војната во Нагорно Карабах испратени се во Турција за продолжување на нивното лекување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на „Фондот за издршка“ основан од владата на Азербејџан за решавање на проблемите на семејствата на починатите војници и за повредените војници се истакнува дека во согласност со мислењата на азербејџанските лекари лекувањето и процесот за рехабилитација на тројцата повредени војници ќе продолжи во Турција.
Во изјавата исто така се наведува дека „Фондот за издршка“ доколку е потребно на тешко повредените војници и понатаму ќе обезбеди лекување во странство.
Повредените војници од аеродромот „Хајдар Алиев“, ги испрати претседателот на „Фондот за издршка“, Елвин Хусеинов.