Burç Eruygur
26 Декември 2022•Ажурирај: 27 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Тројца руски војници утринава загинаа од остатоците на украинско беспилотно летало уништено во близина на база во југозападна Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Украинско беспилотно летало беше соборено на мала височина додека се приближуваше до воената база Енгелс во регионот Саратов“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана што го објави руската државна новинска агенција ТАСС.
„Остатоците од беспилотното летало кои паднале фатално раниле тројца руски војници од техничкиот персонал кои биле на аеродромот“, се вели во соопштението.
Според Министерството, нема оштетувања на ниту една воздухопловна опрема.
Роман Бусаргин, гувернер на регионот Саратов, негираше дека е прогласена вонредна состојба во станбените области на градот Енгелс.
„Не постои апсолутно никаква закана за жителите. Сите приказни за евакуацијата од градот се бесрамни лаги, создадени далеку надвор од границите на земјата“, рече тој во објава на социјалната мрежа Телеграм.