Saadet Firdevs Aparı
26 Декември 2022•Ажурирај: 27 Декември 2022
СЕУЛ (АА) - Јужна Кореја објави дека нејзината војска отворила предупредувачки оган и подигнала воени авиони откако севернокорејски беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека неколку севернокорејски беспилотни летала се забележани во воздушниот простор на Јужна Кореја.
Министерството соопшти дека јужнокорејската војска издала предупредувања и упатила предупредувачки истрели пред да бидат распоредени воени авиони и напаѓачки хеликоптери за соборување на севернокорејските беспилотни летала.
Нема информации дали беспилотните летала се соборени.
Јапонската влада и Здружениот генералштаб на Јужна Кореја на 23 декември објавија дека Северна Кореја извршила тестирања на балистички проектили.