Büşra Nur Çakmak
09 Септември 2023•Ажурирај: 11 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Турското МНР денес ги осуди таканаречените избори кои се одржаа под контрола на илегалните ерменски сили на територијата на азербејџанскиот регион Карабах, известува Анадолу.
„Изборите одржани на територијата на регионот Карабах во Азербејџан под контрола на илегалните ерменски сили, претстсавуваат нов обид еднострано да се легитимизира моменталната состојба во регионот, што е во спротивност со меѓународното право“, се вели во соопштението на турското МНР.
„Овој чекор претставува отворено кршење на меѓународното право, вклучувајќи ја и резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и принципите на ОБСЕ“, соопшти турското МНР.
Во продолжение се вели дека Туркије ги осудува овие избори кои се одржуваат во период кога Азербејџан и Ерменија настојуваат да ги продолжат мировните преговори.
Во соопштението се наведува дека Туркије не ги признава „нелигитимните избори кои претставуваат кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Азербејџан“ и ги повика ОН и меѓународната заедница да не ги признаат овие избори.
„Туркије го поддржува процесот на мировни преговори меѓу Азербејџан и Ерменија и уште верува дека наскоро потпишувањето на трајниот мировен договор ќе даде голем придонес за мирот и стабилноста на регионот“, се наведува во соопштението.
Односите меѓу поранешните советски републики Ерменија и Азербејџан се тензични од 1991 година, кога ерменската војска окупираше меѓународно признати територии на Азербејџан.
Азербејџан 2020 година ослободи неколку градови и повеќе од 300 населени места и села кои претходно беа под ерменска окупација, а борбите завршија со договор постигнат со посредство на Русија.