Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
26 Октомври 2022•Ажурирај: 30 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Туркије и Либија потпишаа два важни договори во областа на војската, се вели во соопштението на турското Министерство за национална одбрана денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за национална одбрана, Хулуси Акар, вчера се состана со премиерот на Владата на единство со седиште во Триполи и министерот за одбрана, Абдул Хамид Дбеибе во Истанбул.
„Двете официјални лица потпишаа Договор за подобрување на ефикасноста на либиските воздухопловни сили и обука на либиски пилоти“, се вели во соопштението на Министерството.
„Другиот потпишан дополнителен протокол има за цел да ги подобри постојните воени односи меѓу Туркије и Либија“, се вели во соопштението.
Акар вчера исто така имаше разговори со своите колеги од Азербејџан, Либија, Пакистан, Кувајт и Велика Британија на големиот турски настан од областа на одбраната во Истанбул, САХА ЕКСПО.