Nilay Kar
03 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турска хуманитарна агенција има изградено над 600 бунари ширум Пакистан, како дел од проектот за прoчистување на водата, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународната организација за хуманитарна помош (IHHNL) досега изградила бунари во неколку провинции во Пакистан, вклучувајќи ја и втората по големина провинција Пенџаб.
Ајхан Арсланташ, член на Управниот одбор на Меѓународната организација за хуманитарна помош, за АА изјави дека на тој начин сакаат да му помогнат на народот на Пакистан.
„Пристапот до вода за пиење е навистина голем проблем во Пакистан“, рече Арсланташ.
Тој нагласи дека благодарение на овој проект, 120.000 над луѓе во Пакистан сега имаат пристап до чиста вода за пиење.
„Само во 2017 година изградивме 226 бунари во оваа земја. Планираме да го зголемиме тој број на 1.000 годишно“, нагласи Арсланташ.
Меѓународната организација за хуманитарна помош со седиште во Холандија, од 2005 година донираше помош за Пакистан во износ од 928.000 долари.
Хуманитарната организација спроведува проекти во 23 земји во светот, главно во Азија и Африка.