Stipe Mayiç
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
ЗАГРЕБ (AA) - Амбасадорот на Република Турција во Хрватска Ахмет Тута одржа брифинг за новинарите во седиштето на турската амбасада во Загреб за да им пренесе веродостојни информации за настаните во Турција поврзани со неуспешниот обид за воен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорот Ахмет Тута на брифингот на новинарите најпрвин им ја покажа видео презентацијата на настаните кои се случија во ноќта на неуспешниот воен удар во Турција, со сите релевантни статистики и информации.
Потоа во разговор со новинарите одговараше на нивните прашања кои повеќето биле фокусирани на можната најава на воведувањето на смртната казна во Турција, како и на преиспитувањето на вистинската улога на Фетулах Ѓулен во обидот на соборување на демократски избраната власт во Турција.
Тута истакна доколку воениот удар успееше, Турција ќе беше под воена власт и дека тоа е причината за воведување на вонредна состојба во земјата, а која е повод на критики кои стасуваат од Европа.
Амбасадорот Тута ги наведе Франција и Белгија како две ЕУ членки во кои вонредната состојба веќе неколку месеци е на сила и додаде дека во тие земји во изминатиот период не загинале ниту приближно број на луѓе колку што загинале во Турција.
„А да не спомнуваме активирање на борбени авиони Ф-16 над главниот град и поминуваа тенкови", рече тој.
Го критикуваше ставот на одредени западни медиуми, кои се концентирале на мерките преземени против пучистите, како неискрена со занемарување на обидот за воен удар. Зборувајќи за смртната казна и нејзиното можно воведување, истакна дека пред се тоа е врзано за велепредавството и военото судство кое е порестриктивно од цивилното.
Наведе дека испорачувањето на Фетулах Ѓулен од страна на САД е прашање од највисок приоритет како и дека турската Влада има цвврсти докази дека обвинетиот Ѓулен бил ангажиран во спроведувањето на воениот удар.Но, пред се, додаде дека САД се турски сојузик.
Тута рече дека „Ѓуленистите“ воениот удар го искористиле како своја последна шанса за преземање на власта, пред смените кои им биле подготвувани за кои претходно знаеле.
Вели дека постојат следбеници на Ѓулен и во Хрватска како и дека тоа е важна тема која денес ќе се разговара со хрватските функционери. Порача дека разузнавачките агенции на двете земји, Хрватска и Турција, соработуваат и разменуваат информации за таквите појави.
На прашањето за можното воведување на смртната казна во Турција како и за последниците кои би следувале на постоечките односи со Европската унија, Тута истакна дека барањето за воведување на најстрога казна доаѓа од страна на турскиот народ и јавноста.
„Во текот на изминатите неколку дена во Турција се организираат бројни собири на различни партии и цивилниот сектор. Народот во Турција бара вистинска казна за организаторите на воениот удар. Ако ова барање, поставено од страна на јавноста биде дискутирано во Парламентот и доколку бидат донесени такви амандмани, нашиот претседател најави дека ќе одобри таква законска одредба. Но, досеа на оваа тема сеуште не се расправало во Парламентот", наведе Тута.