İsa Toprak
08 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
БЕЈРУТ
Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, во рамки на посетата на Либан, се состана со либанскиот премиер Хасан Дијаб и со претседателот на либанскиот парламент Небих Бери, јавува Агенција Анадолија (АА).
Делегацијата под водство на Октај, во која се наоѓа и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, се состана со либанскиот премиер Хасан Дијаб во премиерксата палата.
Во овие рамки, Дијаб со турската делегација ги посети зоните погодени од експлозијата.
Октај и Чавушоглу изразија сочувство и посакаа брзо опоравување, а потоа се одржа и меѓуделегациската средба.
На средбата е разговарано за историските врски меѓу двете земји, а нагласено е дека Турција ќе продолжи со нудење помош од секоја област за Либан кој е погоден од експлозијата.
Исто така, за време на средбата е истакнато дека Турција е подготвена да пружи било каква помош за реконструкцијата на пристаништето на Бејрут, како и да помогне во областа на здравството.
Либанскиот премиер Дијаб рече дека продолжуваат со извлекување на трупите под урнатините, и дека на кризната маса формирана по случајот, бил вклучен и турскиот амбасадор во Бејрут.
Тој изрази доверба кон Турција, нагласувајќи дека се сигурни оти Турција ќе им помогне во реконструкцијата на Бејрут.
По оваа средба, Октај и неговата делегација преминаа во либанскиот парламент, каде беа пречекани од страна на претседателот на парламентот на Либан, Небих Бери.