Dildar Baykan,Dilara Zengin
08 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е последната личност која Русија сака да ја види во Овалниот кабинет, истакнувајќи дека немало американски претседател кој толку бил тврд кон Русија како тој, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп одржа конференција за новинарите во текот на посетата на Њу Џерси, а во таа пригода се осврна на тврдењата дека Русија, Иран и Кина се обиделе да се вмешаат во изборите во САД.
„Јас сум последната личност која Русија сака да ја види во Овалниот кабинет, бидејќи нема американски претседател кој беше толку тврд кон Русија како јас", порача Трамп.
Трамп рече дека од денот кога ја презел должноста преземени се многу чекори против Кина и Русија.
„И Кина би се израдувала кога би видела дека Трамп ги загубил изборите против „успаниот Џо Бајден". Бајден да беше избран за претседател, нашата држава нашата држава би и припаѓала на Кина", рече Трамп.
Нагласувајќи дека Иран не сака да го види него како претседател, Трамп рече:
„Ако повторно бидам избран за претседател, брзо ќе склучам договори со Иран и Северна Кореја."