Lale Bildirici
16 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, отпатува за Швајцарија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во делегацијата на Ердоган, покрај неговата сопруга Емине Ердоган се наоѓаат и министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу; министерот за трезор и финансии, Берат Албајрак; министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу; министерот за одбрана, Хулуси Акар; министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк; министерката за семејство, труд и социјални работи, Зехра Зумрут Селчук; заменик-претседателите на АК Партија, Нуман Куртулмуш и Џевдет Јилмаз.
Претседателот Ердоган, во својство на копретседател ќе присуствува на „1. Глобален форум за бегалци“, кој ќе се одржува во Палатата на нациите во Женева, Швајцарија.
Домаќини на Форумот се Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (ОН) и швајцарската Влада.
Ердоган, исто така ќе присуствува и на свеченото отворање на изложбата „Животот продолжува, уметноста продолжува“, составена од дела на сириските уметници кои живеат во Турција.
Изложбата е подготвена од Претседателството на Турција.