Halil İbrahim Sincar
01 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
МАРДИН (АА) - Во рамките на спроведувањето на Договорот за безбедносна зона во Сирија, турските и руските војници го започнаа своето прво заедничко патролирање источно од Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
На 20 километри западно од градот Кизилтепе во областа Мардин, во подрачјето на селото Севимли, конвој од оклопни возила на Турските вооружени сили под турско знаме, ја преминаа границата за да се сретнат со рускиот воен конвој за да учествуваат во заедничката копнена патрола.
По средбата турските и руските војници го започнаа своето прво заедничко патролирање источно од Еуфрат, што се спроведува во рамките на Договорот за безбедносна зона во Сирија.