Talha Yavuz
20 Ноември 2020•Ажурирај: 22 Ноември 2020
КИЕВ (АА) - Администрацијата на Киев на руската делегација и даде список од 11 лица за размена на затвореници и притвореници до крајот на годината со проруските сепаратисти во областа Донбас во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Леонид Кравчук, раководител на делегацијата на Трилатералната контакт група во Украина за решавање на кризата во Донбас, изјави дека на руската делегација ѝ дале список од 11 лица за извршување на размена на затвореници до крајот на годината.
Во интервју за ТВ каналот „Хромадске“ изјави дека очекуваат листа и од проруските сепаратисти.
Наведувајќи дека списокот за размена на затвореници е доставен до руската страна, Кравчук истакна дека нивната цел е да обезбедат ослободување на сите затвореници.
Последната размена на затвореници меѓу проукраинските и проруските сепаратисти се случи во април.
Конфликтите меѓу проруските сепаратисти, кои прогласија таканаречена независност во регионот Донбас, и администрацијата во Киев траат од 2014 година.