Aykut Karadağ
27 Јули 2020•Ажурирај: 27 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа двајца терористи на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на социјални мрежи ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Како резултат на координираната работа на Турските вооружени сили и турската Национална разузнавачка служба (МИТ), во воздушна операција неутрализирани се двајца терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК кои се откриени во подрачјето на Метина, во северниот дел на Ирак“, се наведува во соопштението.
Турските безбедносни сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во рамките на Турција, но и на северот на соседните Ирак и Сирија.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.