Barış Gündoğan
01 Октомври 2021•Ажурирај: 02 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) и Турските вооружени сили (ТСК) извршија заедничка антитерористичка операција во која го неутрализираа еден од истакнатите припадници на терористичката организација ПКК во северниот ирачки регион Кандил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мехмет Хатип Аритурк - под кодното име „Делил Сирт“ - беше таканаречен челник на терористичката организација во Киркук.
Безбедносни извори потврдија дека Аритурк учествувал и во заговор за голем број терористички напади врз цивили во Африн, северна Сирија, во 2015 година и во добивање ракети и тешко вооружување од други земји во Киркук, Ирак во 2016 година, кои подоцна беа искористени против Турција.
Терористот, исто така, организирал разузнавачки активности на ПКК и бил еден од идеолозите на таа терористичка организација во регионот Кандил.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.