Ali Semerci
27 Септември 2023•Ажурирај: 29 Септември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турското здружение Садакаташи обезбеди помош во вода, храна, инвалидски колички, моторни возила, како и млечни крави за лицата што имаат потреба во Јемен, каде што владеат сиромаштија и граѓанска војна, јавува Анадолу.
Здружението соопшти дека преку доставувањето помош во Јемен дадена му е поддршка на населението на братската земја.

Во овие рамки здружението достави млечни крави за 10 семејства и моторни возила наречени „тук-тук“ за шест лица, кои се користат за транспорт на товар.
Исто така, на 500 семејства што живеат во местата Ел-Гајда и Сејхат во градот Мехра им се обезбедени пакети со прехранбени производи, како и чиста вода од 60 танкери.
Во рамките на проектот на 60 лица им се доделени електрични инвалидски колички.

- Граѓанската војна и хуманитарната криза во Јемен -
Од септември 2014 година Хусите, поддржани од Иран во Јемен, каде што продолжуваат граѓанската војна и кризата, ја презедоа контролата врз главниот град Сана и неколку други региони.
Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија ја поддржуваат јеменската Влада против Хусите од март 2015 година.
Според извештаите на Високиот комесаријат на Обединетите нации (ОН) за бегалци, 73 отсто од јеменскиот народ (околу 23,4 милиони) имаат потреба од хуманитарна помош поради граѓанската војна во која се раселени уште 4,3 милиони луѓе.
Според ОН, 377.000 луѓе, меѓу кои над 13.000 цивили, ги загубиле животите како резултат на конфликтот во земјата.