Tuba Şahin
13 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
АНКАРА
Вкупното календарски приспособено индустриско производство во Република Турција во ноември 2020 година се зголеми за 11 отсто во споредба со истото производство во истиот период минатата година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заводот за статистика на Турција (TUIK) објави извештај за сезонските и календарски приспособени индекси на индустриското производство во таа земја за ноември минатата година, а податоците укажуваат на значаен пораст на производството.
Група економски експерти претходно за АА изнесоа предвидувања дека индустриското производство би можело да се зголеми за 8,3 отсто во ноември минатата година, а остварениот раст од 11 отсто ги надмина и експертските очекувања.
Индексот на индустриското производство се смета за витален показател на економијата, бидејќи е едно од основните мерила за раст на бруто-домашниот производ (BDP).
Во ноември минатата година турското индустриско производство е зголемено за 1,3 отсто во однос на истото производство во октомври 2020 година, а 11 отсто во однос на ноември 2019 година.
Преработувачката индустрија во ноември оствари рекорден раст од 11,6 отсто во однос на истиот период претходната година.
Индексот на снабдување со електрична енергија, плин, пареа и климатизација се зголеми за 7,5 отсто, додека индексот на рударство се зголеми за 4,6 отсто.