Ruslan Rehimov
08 Јуни 2019•Ажурирај: 10 Јуни 2019
БАКУ (АА) - Турските и азербејџанските вооружени сили започнаа заедничка воена вежба во Автономната Република Нахчиван, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан се вели дека во вежбата наречена „Непоколебливо братство 2019“ се вклучени 5.000 војници, околу 200 тенкови и оклопни возила, околу 180 проектили и артилерии, 21 хеликоптер и авион, како и други оружја.
Се нагласува дека вежбата има за цел развивање на способноста за реализирање и коордиинирање на заеднички операции меѓу двете војски преку споделување искуства на вооружените сили на двете земји.
Вежбата ќе трае до 11 јуни.