Mustafa Çalkaya
02 Октомври 2021•Ажурирај: 03 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турција ќе соработува со Ирак и Либија во борбата против финансирањето на тероризмот и перењето пари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Службениот весник на Турција денес е објавено дека во сила е ставен Меморандумот за разбирање помеѓу турскиот Одбор за истражување на финансиски криминал (MASAK) и ирачкиот Оддел за борба против перењето пари и финансирање на тероризмот (AML/CFT).
Исто така, стапи на сила договорот помеѓу турскиот Одбор за истражување на финансиски криминал и Централната банка на Либија и Либиската единица за финансиски информации за соработка во размена на финансиски разузнавачки информации за перење пари, поврзани злосторства и финансирањето на тероризмот.