Muhammet Nazım Taşcı
02 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
ТОРКАМ (АА) - Турската Црвена полумесечина испрати два камиона со помош во храна преку Пакистан во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пратката од 33 тони помош во храна ја примија делегацијата на турската Црвена полумесечина во Авганистан и претставниците на авганистанската Црвена полумесечина на Граничниот премин „Торкам“, меѓу Пакистан и Авганистан.
Шефот на делегацијата на турската Црвена полумесечина во Пакистан, Ибрахим Карлос Камило, за АА изјави дека испратиле два камиона со помош во храна во Авганистан, на кој во моментов му е потребна помош.
Камило напомена дека оваа помош ќе ја распределуваат тимовите на турската Црвена полумесечина во Авганистан и дека од неа корист ќе имаат над 16.000 луѓе.