Ekipa
02 Февруари 2017•Ажурирај: 03 Февруари 2017
МОСКВА (АА) – Владата на Украина објави дека двајца украински војници загинале во судирите во текот на ноќта во источниот дел на земјата, во коишто и двете страни, и украинската Влада и проруските сили тврдат дека биле гранатирани нивните позиции, јавува Anadolu Agency (AA).
Прес-службата на украинската Влада за воените акции на истокот на земјата наведува дека десет други војници се ранети во борбите во индустрискиот дел на Украина, кои влегоа веќе во петтиот ден.
Сепаратистичките побуненици поддржани од страна на Русија и украинската Влада во 2015 година постигнаа договор за прекин на огнот и за повлекување на тешкото вооружување. Меѓутоа, од понеделникот во судирите на двете страни од линијата на фронтот загинаа најмалку 10 лица, додека десетици беа повредени.