Hakan Çopur
02 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Мајкл Флин, денес изјави дека иранското тестирање балистички проектили претставува закана за регионот, но и за САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Денес, отворено го предупредуваме Иран“, рече Флин на дневната прес-конференција во Белата куќа.
Тој истакна дека администрацијата на Доналд Трамп не е задоволна со постапките на Иран во последно време.
Да потсетиме, Иран пред неколку дена изведе ново тестирање на балистички проектили.
Флин нагласи дека иранското тестирање балистички проектили е спротивно на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
„Администрацијата на Обама беше неуспешна во однос на одговорот кон злонамерните чекори на Техеран. Меѓутоа, администрацијата на Трамп ги осудува постапките што ги доведуваат во ризик безбедноста, мирот и стабилноста на Блискиот Исток, како и животите на Американците", рече Флин.