Burç Eruygur
18 Октомври 2022•Ажурирај: 19 Октомври 2022
КИЕВ (АА) – Во Киев, главниот град на Украина, утринава одекнаа две експлозии, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Утрово повторно експлозии во Киев. Десниански округ. Објект на критична инфраструктура. Сите спасувачки служби се упатуваат таму. Повеќе детали подоцна“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на својот профил на Телеграм.
Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, исто така го потврди извештајот на Телеграм, повторувајќи ја изјавата на Кличко.
Руските сили започнаа нова серија воздушни напади врз Киев и други региони од минатата недела.
Покрај Киев, напади со ракети и беспилотни летала беа пријавени и во регионите Запорожје, Дњепропетровск, Харков, Миколаев, Житомир и Суми.