Dmitri Chirciu
18 Октомври 2022•Ажурирај: 19 Октомври 2022
МОСКВА (АА) - При пад на авионот Су-34 за време на вчерашниот тренажен лет во рускиот град Јејск бројот на загинати се зголеми на 14 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Едно лице починало од повредите на одделението за интензивна нега, се вели во соопштението на Министерството за вонредни состојби.
„Во несреќата се повредени и 19 лица, при што двајца од нив се на интензивна нега“, се додава.
„За време на спасувачката операција спасени се 68 лица, а 360 други се евакуирани“, соопшти Министерството.
Службите за итни случаи продолжуваат со напорите за помош на местото на несреќата, се вели во соопштението.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека воен авион Су-34 се урнал додека се летал за да спроведе тренажен лет од воениот аеродром на Јужниот воен округ.
Пилотот успеал да се катапултира, а како причина за несреќата е пријавено запалување на еден од моторите на авионот при полетувањето.
Авионот се урнал во населено место, предизвикувајќи пожар во деветкатница.
Регионалната служба за итни случаи на Русија соопшти дека деветкатницата се запалила од авионско гориво кое истекло и дека се оштетени 17 станови.
Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на гувернерот на Краснодар и на министрите за вонредни ситуации и здравство да го посетат градот Јејск и да ја пружат потребната помош.
Рускиот истражен комитет започна кривична постапка по инцидентот.