Talha Yavuz
04 Август 2021•Ажурирај: 04 Август 2021
КИЕВ (АА) - Во главниот град на Украина, Киев, неидентификувано лице за кое се тврди дека носи рачна бомба влегло во владината зграда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Украина се наведува дека едно лице се заканило дека ќе активира предмет сличен на бомба што го извадил од својот џеб околу 10 часот наутро.
Во соопштението се наведува дека полицијата започнала специјална акција и дека разговара со напаѓачот, чиј идентитет сè уште не е утврден.
Пратеникот Алексеј Гончеренко, исто така, на својот профил на Телеграм истакна дека едно лице влегло во зградата на Владата со рачна бомба и дека специјалните тимови стигнале до регионот.