Ekip
19 Март 2023•Ажурирај: 19 Март 2023
Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, изјави дека украинските сили продолжуваат да го бранат градот Бахмут, пренесува Анадолу.
Јермак го истакна ова преку соопштението што го објави на својот профил на социјалните мрежи.
Тој се осврна на ситуацијата во градот Бахмут каде што продолжуваат борбите со руските сили.
Јермак нагласи дека украинската војска продолжува да го брани градот Бахмут.
„Украинските сили продолжуваат да го задржуваат непријателот на исток. Нивните планови да го заземат градот Бахмут веќе пропаѓаат. Украина е напред“, додаде Јермак.