Sinan Doğan
19 Март 2023•Ажурирај: 20 Март 2023
Бројот на жртвите од земјотресот со јачина од 6,7 степени во Еквадор, Јужна Америка, се зголеми на 13, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Претседателството на Еквадор, во врска со земјотресот со јачина од 6,7 степени што се случи на 6 километри североисточно од градот Балао, се вели дека бројот на луѓе што ги загубиле животите е зголемен на 13 и дека продолжуваат операциите за пребарување и спасување.
Цивилната одбрана соопшти дека најголем дел од жртвите се регистрирани во регионот Ел Оро на границата со Перу и дека се повредени 126 лица.
Досега од земјотресот се оштетени 17 училишта, 31 здравствен дом, 50 објекти, додека седум згради целосно се урнати.
Во Куенка, Мачала и Гвајакил се урнати неколку згради и се очекува бројот на жртвите да се зголеми.
Вчерашниот земјотрес е регистриран на длабочина од 65,7 километри.
Според „BNO News“, Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема опасност од цунами по земјотресот.
Земјотресот бил почувствуван и во соседната земја Перу.