Dmitri Chirciu
02 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
КИЕВ (АА) ‒ Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, истакна дека Украина е подготвена да преговара со Русија за запирање на војната, но е против ултиматумите на Русите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кулеба преку социјалните медиуми даде изјави за војната меѓу Русија и Украина.
Потсетувајќи дека првата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација се одржала на 28 февруари, Кулеба нагласи дека тие не „направиле чекор назад“ во овие преговори.
„Барањата на Русите не се променети. Тоа се барањата што [рускиот претседател Владимир] Путин ги изрази во своето обраќање пред да започне војната. Подготвени сме за преговори и дипломатија, но не сме подготвени да ги прифатиме руските ултиматуми. Сѐ уште не се знае кога ќе има нови преговори“, рече Кулеба.
„Аплициравме до НАТО за прогласување зона на забранети летови“
Наведувајќи дека за нив е важна заштитата на небото во Украина од проектили, Кулеба рече дека поднеле барање до НАТО за прогласување зона на забранети летови.
Кулеба, исто така, додаде:
„НАТО го испитува ова барање. Во однос на одбраната, имаме и алтернативни механизми за да обезбедиме безбедност на воздушниот простор. Ќе направиме сѐ за да ги заштитиме Украинците од воздух.“