Ruslan Rehimov
12 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинската армија соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале 26.650 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералштабот се наведува дека украинските сили од 24 февруари до 12 мај уништиле 199 авиони, 161 хеликоптер и 1.195 тенка.
Исто така, украинските сили уништиле 2.873 оклопни возила, 534 топови, 191 ракетен систем и 87 системи за противвоздушна одбрана.
Освен тоа, руските сили загубиле и 2.019 возила, 13 брода и лесни глисери и 398 беспилотни летала.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана на 25 март беше истакнато дека во Украина загинале 1.351 руски војник.