Aydoğan Kalabalık
20 Ноември 2020•Ажурирај: 23 Ноември 2020
КАИРО
Министерството за надворешни работи на Египет, обвинувајќи ја Франција за „мешање во неговите внатрешни работи“ реагира на осудувањето по повод притворањето на Мухамед Бешир, извршниот директор на Иницијативата за лични права на Египет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение дадена од Министерството за надворешни работи на Египет се истакнува: „Ја отфрламе изјавата дадена од Франција со цел да влијае на истрагата на Обвинителството против египетскиот државјанин.“
Посочувајќи дека Франција не ги почитува египетските закони, во изјавата се тврди дека француското Министерство за надворешни работи „бранело невладина организација што работела нелегално“.
Француското Министерство за надворешни работи во изјавата во средата го осуди притворот за Мухамед Башир, извршниот директор на Иницијативата за лични права на Египет.
- „Амнести интернешнл“ даде изјава за Бешир
„Амнести интернешнл“, со седиште во Лондон, на својот профил на Твитер истакна дека Мухамед Башир, извршниот директор на Иницијативата за лични права на Египет, е приведен на 15 ноември.
Потсетувајќи дека Бешир со амбасадорите на некои земји во Египет разговарал за одбраната на прашањата за човековите права, во изјавата се додава дека тој „уште е во притвор под неосновани обвиненија поврзани со тероризам“, и дека оваа ситуација претставува „сериозен удар врз човековите права во земјата“.