Ekipa
06 Ноември 2023•Ажурирај: 07 Ноември 2023
КИЕВ (АА) - Пратеникот од украинската Рада, Алексеј Гончаренко, истакна дека украинскиот претседател Владимир Зеленски дал инструкции да се извршат подготовки за претседателските избори што ќе се одржа на 31 март 2024 година во земјата, пренесува Анадолу.
„Врз основа на инструкцијата на Зеленски, претседателската канцеларија ги започна подготовките за претседателските избори што ќе се одржат на 31 март 2024 година“, рече Гончаренко во изјавата за телевизискиот канал „Еспресо“.
Гончаренко потсети дека наредната година и во Русија ќе се одржат претседателски избори и додаде: „Владимир Путин се подготвува за избори следниот март. Правејќи сличен чекор, Зеленски сака да не го изгуби својот легитимитет.“
Инаку, Зеленски претходно изјави дека „никако нема да ја остави сама својата земја“ на изборите.