Elena Teslova
31 Октомври 2024•Ажурирај: 01 Ноември 2024
МОСКВА (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес ја обвини Русија за напад врз деветкатница во градот Харков во североисточниот дел на земјата, додавајќи дека во нападот имало повредени, јавува Анадолу.
„За жал, има повредени, меѓу нив има и деца. Може да има повеќе луѓе под урнатините. Сите надлежни служби работат на местото“, објави тој на Телеграм.
Зеленски индиректно ги критикуваше западните партнери поради „одложување на одлуките“, осврнувајќи се на барањето на Украина, САД да одобрат употреба на оружје со долг дострел за гаѓање цели на руска територија.
Во исто време меѓународниот аеродром во градот Саратов, во јужниот дел на Русија, престана да работи до понатамошно известување поради закана од напад на украински беспилотни летала, објави гувернерот Роман Бусаргин на Телеграм.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека пристаништето Бердјанск во Азовското Море било нападнато од украински поморски беспилотни летала.
Русија и Украина продолжуваат со борбите во рускиот пограничен регион Курск, каде што Киев започна копнен упад во август, и во Источна Украина, каде што Москва тврди дека напредува на повеќе фронтови.