Islam Uddin
31 Октомври 2024•Ажурирај: 03 Ноември 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени при уривање на мост на море во регионот на островот Малуку во Источна Индонезија, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Стотици луѓе беа собрани на стариот мост за да му посакаат добредојде на локален политичар на островот Банда, кога мостот ненадејно се урна, објави „Џакарта Глоуб“.
Политичарот требаше да се обрати на јавен собир во врска со претстојните локални избори.
Повредените се пренесени во локалната болница.