Yıldız Nevin Gündoğmuş
25 Мај 2019•Ажурирај: 27 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција (ТСК) извршија воздушна акција на северниот дел на Ирак, при што се бомбардирани позициите на терористите на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за одбрана на Турција е соопштено и дека акциите биле извршени на подрачјето на Хакурк, а цели биле засолништа и складишта на терористите на ПКК, кои се уништени.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.