Ekip
09 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
КОКС БАЗАР (АА) - Според најновите податоци на УНХЦР, од 25 август до денеска територијата на Мјанмар ја напуштиле околу 290.000 Рохинџа муслимани, пренесува Anadolu Agency.
Портпаролката на УНХЦР, Вивиан Тан изјави дека постојано се зголемува број бегалци кои пристигнуваат на територијата на соседен Бангладеш. Таа напомена дека привремение кампови за нивно сместување се „повеќе од исполнети”, додавајќи дека новопристигнатите бегалци спонтано формираат населби покрај патиштата или на било кое друго достапно место.
Портпаролката Тан ја истакна потребата од итна изградба на нови привремени кампови за сместување на бегалците.
Таа предупреди дека населбите кои ги формираат бегалците не се доволни за луѓето во нив се задржат на подолг период.
Обединетите нации побараа од владата во Бангладеш да обезбеди уште места на кои би можело да се изградат кампови за помош на бегалците од Аракан.