İdiris Okuduci
08 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
ГАЊА (АА) - Ракета истрелана од ерменската армија падна во близина на музеј и училиште во градот Гања, Азербејџан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ерменија продолжува со ракетни напади врз населбите во градот Гања, вториот по големина град во Азербејџан, близу Нагорно Карабах.
Синоќа, ракетата лансирана од ерменските вооружени сили паднала во близина на музејот „Низами Гања“ и во близина на едно средно училиште. На местото каде што падна ракетата остана кратер од околу 1,5 метри.
Немаше загуби на животи бидејќи нападот се случи во текот на ноќта, кога улицата не е фреквентна. Оштетено е цивилно возило погодено од ракетата. Исто така, голема материјална штета е нанесена и на училиштето, музејот и продавниците кои се наоѓаат на улицата.
Супхан Хусеин, еснаф од градот Гања, во изјавата за АА рече дека продавницата му е целосно уништена и дека повеќе не може да работи.
Наведувајќи дека Ерменија од 27 септември континуирано напаѓа цели во цивилните области во Гања, Хусеин рече: „Со овој напад, повторно видовме која е целта на Ерменија.“
Поради нападите на ерменската армија врз Азербејџан, кои започнаа на 27 септември, досега загинаа 31 цивил.