Bilgin S. Şaşmaz
19 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
ЧИКАГО (АА) - Пет лица загинаа во оружени напади за време на викендот во американскиот град Чикаго, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Чикаго соопшти дека по завршувањето на работата во петокот, до полноќ во неделата, во јужните делови на градот се извршени поголем број оружени напади.
Меѓу повредените има и двајца ученици од основно училиште кои тргнале на излет.
Полициските извештаи покажуваат дека во оружените напади извршени од почетокот на годината загинале 284 луѓе, а 1.325 се повредени.